Јоханес Хан повторно ќе биде номиниран за комесарска функција во ЕК

124
ФОТО: EPA-KOCA-SULEJMANOVIC

На вонредна седница на австриската Влада, закажана за утре,   Јоханес Хан повторно ќе биде именуван за австриски кандидат за некоја функција во идниот состав на Европската комисија.

Австриската канцеларка Бригите Брилајн минатата недела најави дека официјална Виена ќе го предложи Хан за нов еврокомесар од оваа земја.

Тоа ќе треба да биде трет мандат на Хан во ЕК, каде првично беше комесар за регионални прашања, а во актуелниот состав на комисијата е комесар за проширување и соседска политика.

Сите австриски парламентарни партии ја најавија поддршката за именувањето на Хан.

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), која првично се воздржа, сепак, даде сосгласност откако тој се согласи целиот мандат да остане на местото комесар.

Австриските медиуми шпекулираат дека Хан може да го задржи ресосот за проширување и соседска политика.

ФОТО: EPA-KOCA-SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...