Иако се „тазе“ венчани, пред една година, Меган Маркл и принцот Хари, наводно, пред камерите глумат совршен пар, а тој ја моли да оди кај психолог.
– Поради несогласувањата за улогата на родители, кавга со братот Вилијам и снаата Кејт, очекувањата од кралицата и скандалите на семејството на сопругата, Хари само што не експлодирал, а ни Меган не е далеку – вели извор за „Radaronline“.
Меган често ги прекршува кралските правила и јавно ги игнорира, уште кога во 2018 година се омажила за Хари.
– Меган чувствува дека кралските правила не се во согласнот со денешното време. Меган и Хари ја почитуваат традицијата, но некои работи сакаат да ги прават на свој начин – вели изворот.
Однесувањето на Меган Маркл е причина за чести недоразбирања во семејството.
Иако се поминало според протоколот, на семејниот портрет сите се смеат, освен принцот Вилијам, додека сите ја забележале чудната насмевка на лицето на Кејт Мидлтон, која вкочането седела, оддалечувајќи се од Меган колку што може повеќе.
Принц Хари одамна јавно ја поддржува стручната терапија и не се срамел да признае дека и самиот побарал помош од психолог во врска со паниката и гневот со кои не можел да излезе на крај, особено по смртта на мајка му.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.