Руска Алроса продала дијаманти вредни 559,5 милиони долари во текот на март

Компанијата извезува груби и обработени дијаманти.

478

Рускиот производител на дијаманти Алроса информираше денеска дека продажбата во текот на месец март изнесувала 559,5 милиони долари.

Компанијата извезува груби и обработени дијаманти. Според заменик директорот Јури Окоемов, била забележана помала побарувачка во текот на март, која, според него, е сезонски ефект. Во првиот квартал на 2018 година, компанијата продала дијаманти вредни вкупно 1,606 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...