Продолжен притворот на шестмина украински морнари

45

Московскиот суд го прифати барањето за продолжување на притворот на шестмина од 24 украински морнари уапсени за време на инцидентот во Керченскиот Проток, објави руската агенција ТАСС.

Судот соопшти дека наскоро ќе се разгледаат сличните барања и за останатите украински морнари.

Инцидентот се случи на 25 ноември кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе да минат низ Керченскиот Проток. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржале украинските бродови заедно со членовите на нивните екипажи.

Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка  е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.

Москва, меѓутоа, смета дека нејзините сили дејствувале во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.

Керченскиот Теснец се наоѓа меѓу територијата на Русија и Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектира во 2014 година. Руската анексија на Крим не е меѓународно призната.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...