Концерт на „Византиска силуета“ – балканска музика на група од Исланд

81

На „Скопско лето“  вечер од 21 часот во Куршумли ан концерт ќе има „Византиска силуета“ – група од Исланд која интерпретира балканска музика. Бендот е основан во 2010 година и неговата програма содржи грчки, македонски, бугарски и турски песни.

Во групата членуваат:  Хаукур Грондал – кларинет, Азгериј Азгеирисон – тамбура, бузуки, саз и уд, Торгримур Јонсон – бас гитара и Ерик Квик – перкусии. Креативен консултант и специјален соработнок на бендот е бугарскиот хармоникаш Борислав Згуровски од Пловдив.

Групата има издадено две цедиња од кои второто беше номинирано за музичките награди на Исланд.

– „Византиска силуета“ е препознатлива по нивната огнена интерпретација на балканска музика. Музиката е излив на емоции во мешавина со источна мистерија. Асиметричи ритми, мелодии и виртуозност  испреплетени меѓусебно создаваат огнен коктел, соопшти „Скопско лето“ во најавата за концертот.

На програмата на „Кафе кино“  од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажан филмот „Море од жито“ – семејна драма од Италија. Филмот требаше да се прикаже на 10 јули, но беше одложен поради невреме.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...