Урсула фон дер Лејен избрана за претседател на Европската комисија

226
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER

Германката Урсула фон дер Лејен е избрана за претседател на Европската комисија.

Досегашната германска министерка за одбрана, блиска на канцеларката Ангела Меркел беше избрана со тесно мнозинство од гласовите, односно за неа гласаа 383 европратеници, со што таа стана првата жена претседател на Европската комисија.

На Урсула фон дер Лејен и беа потребни 374 гласови од 747 европратеници кои се во моментов во Стразбур.

Новоизбраната претседателка на Европската комисија по гласањето во Европскиот парламент, вети обединета и силна Европа.

– Довербата што ми ја укажавте е доверба во обединета и силна Европа, од исток до запад, од југ до север – изјави германската конзервативка.

Таа истакна дека презела голема одговорност и оти веднаш ќе почне да работи.

– Ајде да работиме заедно и конструктивно за да создадеме обединета и силна Европа – порача фон дер Лејен, која должноста ќе ја преземе во ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...