Најновото истражување на научниците од Харвард сугерира дека брзата храна и енергетските напитоци влијаат на намалување на бројот на сперматозоиди кај мажите, пренесува СиЕнЕн.
Посебно се истакнува дека бројот на сперматозоиди кај мажите на Запад кои се хранат со типично масна храна е во просек помал за 25,6 милиони, во однос на мажите кои се хранат со риба, пилешко, овошје и зеленчук.
Се смета дека мажот кој има помалку од 39 милиони сперматозоиди по ејакулат или 15 милиони по милилитар, има проблем кој може да се изрази преку потешкотии при оплодувањето на јајце клетката.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey