Јадете ги редовно, спречуваат дијабетес!

Оние чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес.

418

Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро здравје на дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, посилен имунитет и помал ризик од воспаленија.

Ова вкусно зрнесто овошје има силни антиоксидативни својства. Тоа значи дека го намалува дејството на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојката, матката, хранопроводникот и простатата.

Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на ракот, така што ги поттикнуваат на апоптоза, односно самоуништување.

Двеста грама од ова овошје на ден содржи препорачани количини на витамин Ц. Изобилуваат со влакна, фолна киселина, витамик К, Е5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини.

Оние чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес. Кетоните во овие црвени плодови се заслужни за контролата на гликозата во крвта. Тие го поттикнуваат метаболизмот на мастите и ги намалуваат масните наслаги.

Со внесот на малини се активира хормонот адипонектин, од чиј недостиг страдаат луѓе со дијабетес тип 2. Адипонектин ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести кои се придружни на дијабетесот тип 2.
Предноста на исхраната со малини е во тоа што кожата ја прават поотпорна на штетните зраци од сонцето. За таа цел корисно е и маслото од малини кое одлично ја штити кожата, бидејќи содржи високо ниво на омега-3 и омега-6 есенцијални масни киселини и витамин Е. Се проценува дека заштитниот фактор на ова масло е меѓу 30 и 50.

Освен за заштитата од сонце, маслото од малини е добро и за нега на кожата. Посебно за намалување на брчките, стриите, егземите, дерматитисот и воопшто на сите воспалителни состојби на кожата.

Не е лековит само плодот, туку и листот од малина. Чај од листот од оваа билка помага кај менструалните , силните крвавења и исцедок од вагината. Применет по породувањето го забрзува закрепнувањето на матката и го поттикнува создавањето на млеко. Овој чај може да се користи и за зајакнување на непцата, дезифенкција на крајниците, спречување на проливот и кај очните заболувања.

Подготовка на чајот: лажичка лист од малини прелијте со шолја врела вода. Процедете по 10 минути и пијте додека е топол, две до три шолји на ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...