На македонскиот амбасадор во Украина, Столе Змејковски денеска во украинското Министерството за надворешни работи во Киев му е изразен протест поради одземањето на концесијата на компанијата „Сардич“ за рудникот „Казандол“.
Плусинфо дознава дека на амбасадорот му е соопштено дека Украина ќе ги искористи сите легитимни и легални средства за да ги заштити интересите на своите инвеститори во Република Македонија.