Еболата во Конго се шири, епидемијата таму е втора најсмртоносна во историјата

60

Министерството за здравство на Конго потврди прв случај на човек заразен со ебола во градот Гома, каде живеат околу два милиони луѓе.

Регионалниот главен град на источниот дел на Конго се граничи со Руанда, која се подготвува за можни случаи на нови заразени од избувнувањето на епидемијата на болеста пред речиси една година.

Во Конго дојде до сериозна ескалација на епидемија на ебола која избувна минатиот август и е втора најсмртоносна епидемија на ебола некогаш регистрирана.

Од избувнувањето на последната епидемија во источниот дел на Конго починале повеќе од 1.600 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...