Руските пранкери кои го имитираат поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, и кои им се јавуваат по телефон и ги лажат политичарите и светските познати личности, се обвинуваат за соработка со тајните служби, пренесува Топ Чанел.
Тие, познати како Лексус и Вован, Владимир Кузнесов и Алексеј Столјаров, го направиле Петро Порошенко во мета на нивните шеги, а на стапицата, освен нашиот премиер Зоран Заев, се фати и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
Тие дури успеале да му се јават и на сега покојниот сенатор, Џон Мекејн, специјалниот пратеник за Украина, Курт Волкер, или дури и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Но, ниту францускиот претседател, Емануел Макрон или турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, не можеле да се спасат.
Пред 4 години тие го убедиле Елтон Џон дека рускиот претседател Владимир Путин бил на линија и сакал да разговара за правата на хомосексуалците. Задоволен, британскиот пејач го објави онлајн телефонскиот разговор, додека Кремљ беше принуден да реагира. Вистинскиот Путин го побара Елтон Џон и му изрази жалење за ова “телефонирање на момчињата”, како што ги нарече тој пранкерите.