Актерката Дајан Китон во едно интервју рече дека не била на љубовен состанок речиси четири децении и дека не ѝ недостасува маж во нејзиниот живот.
– Имам 73 години и не одам на состаноци. Никој не ми се јавува. Баш никој, разбирате? Не сум излегла со маж веќе 35 години. Имам мажи, кои сметам за пријатели, но не излегувам со нив – изјавила таа за магазинот „Ин стајл“.
– Никогаш не сакав да се омажам, да бидам нечија сопруга. Имам толку многу години и мислам дека сум единствената од мојата, можеби дури и од претходната генерација, која е сингл целиот свој живот. Не мислам дека сум тажна поради тоа, навистина сум среќна што никогаш не се омажив – рекла оскаровката.
– Кога бев млада, сакав да ме сакаат сите тие извонредни мажи. Не требаше да дозволам да ме заведе таленттот. Кога и двајцата се занимавате со истата работа, тоа не е сјајно. Можеби требаше да најдам некој супер тип кој би сакал семејство – рекла таа.