Над 50.000 луѓе без струја поради бурата во Луизијана

Бурата моментно се наоѓа на околу 90 километри југоисточно од Морган Сити, каде околу 3.000 луѓе немаат струја. Некои делови на Луизијата се веќе погодени од поројни дождови и силни ветрови, а некои патишта покрај брегот се поплавени.

72

Повеќе од 50.000 луѓе во американската сојузна држава Луизијана останаа без електрична енергија по ударот на тропската бура Бери.

Бурата моментно се наоѓа на околу 90 километри југоисточно од Морган Сити, каде околу 3.000 луѓе немаат струја. Некои делови на Луизијата се веќе погодени од поројни дождови и силни ветрови, а некои патишта покрај брегот се поплавени.

Околу 3.000 припадници на американската Национална гарда со чамци, теренски возила и хеликоптери пристигнаа во Луизијана, каде ќе помогаат при евентуални спасувачки акции.

Се очекува Бери да биде слаб ураган, но може да предизвика катастрофални поплави во државите во Мексиканскиот Залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба поради бурата.

Бери му се приближува и на Њу Орлеанс, чии жители претходните денови веќе се соочија со поплави. Овој град, кој во 2015 година катастрофално го погоди ураганот Катрина, се подготвува за сериозни врнежи, а локалните жители дополнително ги обезбедуваат своите домови и собираат неопходни резерви намирници за претстојните денови.

Директорот на Националниот центар за урагани Кен Грејем истакна дека во некои делови на Луизијана би можеле да наврнат повеќе од 60 сантиметри дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...