Често се случува невнимателните капачи да згазнат на морски еж, при што доаѓа до механичко кршење на боцките кои продираат длабоко во ткивото, каде што можат да заостанат и да предизвикаат дополнителни компликации како гноење или непрекината болка. Морските ежови и некои сродни суштества се отровни, иако самиот отров ретко предизвикува повреда кај луѓето. Почесто боцките, кои ја покриваат школката на морскиот еж, се откинуваат во кожата, предизвикувајќи оштетување на ткивото и воспаление. Ако не се отстранат, боцките се поместуваат во подлабоките ткива дури до коските или нервите и можат да предизвикаат:
– хронично воспаление;
– болка во зглобовите и мускулите;
– кожни осипи
Сината боја на кожата на местото на влезот може да помогне во пронаоѓање на трњето, а прободеното место санирајте го на следниот начин:
– Оцетот ги растопува повеќето боцки од ежот. Облогата натопена со оцет ставете ја на прободеното место и тоа е се што е потребно за боцките да се отстранат.
– Местото околу убодот измијте го и применете маст која содржи комбинација од антихистаминици, аналгетици и кортикостероиди.
– Понекогаш, лекар мора да направи ситен рез за да го отстрани трнот кој е
кршлив.
Црната маст може да помогне
Боцките треба веднаш да се отстранат, додека кожата е сè уште влажна и мека.
Тоа се прави со стерилна пинцета или игличка, а боцките кои не можат да се
извадат може да се намачкаат со т.н. црна маст која ќе го забрза излегувањето на
боцките од кожата.