Оттуѓувањето на детето од едниот родител е последица од манипулација на другиот

Оттуѓувањето од родителите е „процес и последица од психолошка манипулација со детето“, тоа е вид на „емоционална злоупотреба“. Оттуѓеното дете е злоупотребувано дете, тврдат д-р Карен Вудал и Ник Вудал!

497

Разводот на брак е една од најстресните ситуации кои можат да му се случат на детето, а во таква стресна ситуација детето често се оттуѓува од едниот родител и се приклонува кон другиот за да се заштити.

Токму за ова зборувале д-р Карен Вудал и Ник Вудал на предавањето „Разбирање и работа со децата и семејствата погодени со оттуѓување од родителот: Слушање на автентичниот глас на децата и интервенирање за помош за опоравување“ во организација на Поликлиниката за заштита на деца и млади на Град Загреб и Здружението на судии за млади, семејни судии и стручњаци за деца и млади.

Предавањето почнало со минута молчење за социјалната работничка Блаженка Поплашен, убиена на своето работно место, а потоа зборувала претседателката на Одделот за младина Жупанискиот суд во Загреб д-р Лана Пето Кујунџиќ која ја истакнала важноста од разбирање и носење пресуди во полза на детето. Односно, нејзината желба да не размислува како судија и да им дава време на едниот и на другиот родител туку да дејствува кога му е потребно на детето. Покрај тоа го нагласила своето залагање судиите, адвокатите и правниците да присуствуваат на вакви предавања како би можеле да ја донесат најдобрата пресуда.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...