Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) отвора нова регионална канцеларија за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, со седиште во Виена.
Со оваа канцеларија ММФ тежнее за одржување на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.
Новата регионална канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која моментално е шефица на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина.
Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму.