Диего Бонета во преработката на „Терминатор“

Ѕвездата од „Rock of Ages”, Диего Бонета се приклучи во екипата задолжена за преработката на „Терминатор“, во која повторно ќе глумат Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон.

218

Ѕвездата од „Rock of Ages”, Диего Бонета се приклучи во екипата задолжена за преработката на „Терминатор“, во која повторно ќе глумат Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон, главните актери од оригиналната приказна и далеку попознатото продолжение.

Ова е шести филм од светски познатата сага, а петти во кој главна улога ќе има Шварценегер.

Станува збор за таканаречената „рибут“ преработка, каде што приказната во основа е истата, но видоизменета во одредени сегменти. Режисерската палка му припадна на Тим Милер, а Џејмс Камерон – режисерот на „Терминатор“ и „Терминатор 2: Судниот ден“, ќе ја има улогата на продуцент.

Премиерата првично беше закажана за јули 2019, но минатата недела е поместена за 22 ноември 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...