Фон дер Лајен: Брегзит може да се одложи и по трет пат

65
Photo: EPA / HAYOUNG JEON

На Велика Британија може да ѝ се даде уште еден рок, што значи дека Брегзитот може да биде одложен и по трет пат, изјави Урсула фон дер Лајен, кандидатот за нов претседател на Европската комисија, пишува денеска весникот „New Europe“.

– Доколку на Велика Британија и треба уште време мислам дека треба да ѝ го дадеме – рече германската политичарка за време на нејзиното сослушување во Европскиот парламент.

– Иако се надевам дека ќе останете, во наш интерес е да ги надминете своите проблеми. Имаме спогодба што беше потпишана и од двете страни, што ни го дава тоа покритие. Сметам дека е тоа добар договор, но од вас зависи и ваша задача е јасно да ги кажете ставовите – категорична е Фон дер Лајен.

Photo: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...