Најмалку 19 лица, меѓу кои и 13 цивили, загинаа вчера вечер во експлозија во северозападниот сириски град Идлиб, информира Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
Не е јасно дали експлозијата се должи на ракета или автомобил-бомба, додава центарот. Се очекува бројот на загинати да се зголеми, бидејќи десетици се сериозно повредени или заглавени под урнатините.
Идлиб е под контрола на опозицијата. Водечка група во него е Хаит Тахрир аш Шам, исламистичка алијанса на чело со Фронтот Ал Нусра, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија.