Нова листа на должници: Фирмите и граѓаните должат 142 милиони евра

Листа се однесува на должници за долгови доспеани до 31-ви март и неплатени до 30-ти јуни оваа година.

179
EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Листата на должници на Управата за јавни приходи се намали за околу 650, но долгот од месец на месец расте.

Данок на додадена вреднос, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини не платиле 1.924 правни лица и 1.882 физички лица.

Вкупниот долг изнесува 8.684.577.660 денари (141.212.644 евра)и тоа за даноци и придонеси 8.537.537.637 денари, додека долгот за царински давачки е 147.040.023 денари.

Листа се однесува на должници за долгови доспеани до 31-ви март и неплатени до 30-ти јуни оваа година.

Физичките лица и самостојните вршители на должност, што се најдоа на оваа листа, имаа долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот надминува 300.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...