Заврши ремонтот на Блок 3 во термоелктраната Битола, а од денеска ќе почне ремонт на Блокот 1, соопшти ЕСМ.
Од денеска, како што соопштија од термолектраната, ќе почне пуштањето во погон на блокот.
„Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси“, се вели во соопштението.
РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ.