600 милијарди ненаплатен данок годишно завршува во даночните раеви

На улиците на Роуд Таун, главниот град на БВИ, не може да се забележи богатство. Кокошки се шетаат низ улиците, а адвокатските фирми кои се занимаваат со регистрација на илјадници офшор компании се наоѓаат во скромни згради покрај дрвените куќи.

117

Британските Девствени острови (БВИ) се еден од најпопуларните „даночни раеви“, со 400.000 регистрирани компании вредни 1,5 илјади милијарди американски долари, и силно се борат против барањето да станат транспарентни, пишува „Блумберг“.

На улиците на Роуд Таун, главниот град на БВИ, не може да се забележи богатство. Кокошки се шетаат низ улиците, а адвокатските фирми кои се занимаваат со регистрација на илјадници офшор компании се наоѓаат во скромни згради покрај дрвените куќи.

Истовремено, цели острови во архипелагот се во сопственост на странски богаташи. Сопственикот на „Вирџин“ Ричард Бренсон и соосновачот на Гугл, Лари Пејџ имаат по еден остров.

Меѓутоа, локалното население е остро против тоа да се воведе транспарентен регистар на компании, со цел да се намалат злоупотребите на системот, кој на богатите поединци им овозможува да избегнат плаќање данок или да го скријат потеклото на парите.

Даночните раеви посебно ги биеше лош глас по аферата „Панамски документи“ и „Рајски документи“, која ја разоткрија Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари во соработка со германскиот Зидојче цајтунг.

Меѓутоа многу локални жители негираат дека нивната држава е даночен рај и инсистираат дека Британските Девствени Острови би биле многу сиромашни без својата индустрија на финансиски услуги.

Овој сектор е заслужен за 62 отсто од 372 милиони долари приход кои се слеале во државниот буџет, а таа бројка веројатно ќе се намали доколку Островите бидат принудени да воведат јавен регистар на компаниите.

Како најголема закана се смета законот што го усвои Велика Британија, според кој Британските прекуморски територии мораат да создадат јавни регистри до 2020 година. Тоа предизвика револт кај населението на БВИ, кои, иако се државјани на Британија, не можат да гласаат на британски избори доколку не престојуваат во Велика Британија.

Минатата година во мај повеќе од илјада луѓе протестираа во Роуд Таун, носејќи транспаренти „Не сакаме империјалистички закони“ и „Прекинете ја колонијалната власт“. Тогашниот премиер на БВИ прогласи „отворена војна“ против Обединетото Кралство.

ММФ проценува дека државите низ светот губат околу 600 милијарди ненаплатен данок годишно поради праксата на компаниите да го избегнуваат данокот преку „даночните раеви“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...