Страшно невреме го зафати Халкидики и според неофицијални информации има тројца мртви, јавува државната грчка телевизија ЕРТ.
Една од жртвите е жена, која починала откако паднал покрив и ја затрупал.
По горештините со 42 степени, дожд и бура ги зафатија централниот и северниот дел на Грција, но температурите паѓаат низ целата земја.
Како што објави ЕРТ, на неколку места има и прекини на струја, а се очекува невремето да трае до 6 часот наутро.
ОБНОВЕНО
ЕРТ, како и неколку локални медиуми, но и Катимерини објавуваат дека има уште две нови жртви од кои едната е двегодишно машко детенце.
Има и повредени, меѓу кои ги истакнуваат татко и син, кои биле гости во еден хотел, но нема информации каква е нивната состојба.
Локалните власти со полицијата и противпожарните служби се на нозе.