Франција воведува задолжително образование за тригодишници. Дали е раното учење навистина подобро за децата? И дали тие особено брзо учат? Тоа е апсолутна бесмислица, вели во интервју за Дојче Веле, психологот Брижит Ролет.
Судбината на Франција зависи од образовниот систем, е ставот на претседателот Емануел Макрон. Затоа, од септември, предучилишното образование станува задолжително за сите деца. Наместо од шест години, како што беше досега, француските деца ќе почнат да учат од својата трета година. Предучилишното образование во Франција е популарно и го посетуваат 97 отсто од децата иако не е законски задолжително.
Бидејќи претседателот Макрон се плаши дека преостанатите 3 проценти се главно деца од загрозени семејства, предучилишната установа станува задолжителна, а од септември се бесплатни и училишните оброци.
Можеби раното задолжително образование е предност за Франција, но дали е добро за децата? Колку се учењето и училишната структура добри за децата од три години?
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.