59-годишен маж и 33-годишна жена настрадаа утринава во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Белград кај Мала Крсна. Се претпоставува дека настрадале татко и ќерка, информира Курир.рс.
На седиштето зад возачот и совозачот во возилото марка „шкода фелициа“ седеле две девојчиња, едното на возраст од една година, а другото имало 14 години, а до нив седела и постара жена.
Девојчињата биле пренесени во Универзитетската детска клиника во Белград и, како што дознаваат медиумите, двете се свесни и комуницираат.
До несреќата дошло кога „шкодата“ со заејечарски регистерски ознаки се движела по коловозната лента, од засега непознати причини, со предниот десен крај удрил во возило на „Патишта Србија“ кое стоело во лентата за запирање. Потоа „шкодата“ удрила и во банкината.
Според последните информации, на оваа делница сообраќајот се одвива отежнато, а полицијата врши увид.