Едукативно-рекреативен настан во организација на децата со аутизам

На денот на планетата Земја, во градинарскиот центар „Фоја“ традиционално садење дрва, годинава во организација на децата од групата со аутизам при Арт оф Ливинг, а веќе овој викенд и Програма на среќата која се одржува во исто време во 85 градови во светот.

157

Истражувањето покажало дека постојат два вида среќа: таа што се менува секојдневно, под влијание на стресот или емоциите поврзани со дневните случки, а втората е подлабоката форма на среќа, која се однесува на задоволството од прифаќањето на животот, воопшто, објаснуваат во невладината фондација „Арт оф Ливинг – Македонија“, која е организатор на работилницата – Програма на среќата.

Оваа работилница е дел од големиот бран на среќата кој се одржува во исто време во целиот свет, поточно, во 21 држави и 85 градови. Терминот на одржување е 13 април (петок) од 18 до 21 часот и 14 и 15 април (сабота и недела) од 10 до 14 часот.

Викендот потоа, по повод светскиот ден на планетата Земја ( сабота, 21.април), со почеток во пет до 12, во градинарскиот центар „Фоја“, се одржува традиционалниот едукативно-реакреативен настан „Да растеме заедно“. Настанот се одржува 5 години по ред, а оваа година организацијата е во рацете на дечињата од групата со аутизам „Ѕвездички“ при Арт оф Ливинг.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...