Почина комичарот Рип Торн

174
ФОТО: EPA / GERO BRELOER

Глумецот и комичар Рип Торн, ѕвездата од филмот „Луѓе во црно“, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој во тие мигови бил во својот дом во Лејквил, Конектикат, САД, заедно со сопругата Ејми Рајт и своите ќерки Кејти Торн и Анџелика Пејџ, изјави неговиот гласноговорник.

Торн е познат по својот рапав глас, кој и ги направи неговите улоги така препознатливи. Во неговата 65-годишна кариера, можеби најголемиот успех му беше учеството во хумористичната серија на ХБО – „Шоуто на Лери Сандерс”. За неа доби шест номинации за наградата „Еми”, која 1996 година и ја освои.

Глумецот беше номиниран и за „Оскар” за најдобра споредна машка улога во филмот „Cross Creek“ од 1983 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...