„Макпетрол“ ќе ја точи „зелената нафта“ за земјоделците

До крајот на овој месец земјоделците ќе ги добијат првите картички за користење зелена нафта, најави директорот на АФПЗРР, Никола Бабовски.

458

„Макпетрол“ го доби тендерот  на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството (АФПЗРР) за обезбедување „зелена нафта“ на земјодлеците.

На тендерот, како што информираа од Агенцијата, се јавиле седум компании, но била поднесена само една понуда.

Тендерот беше во вредност од 200 милиони денари односно 3.2 милиони евра.

– До крајот на овој месец земјоделците ќе ги добијат првите картички за користење зелена нафта – најави директорот на АФПЗРР, Никола Бабовски.

Компанијата која го доби тендерот има рок од 60 дена да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво Еуродизел. Картичките ќе се доставуваат на земјоделците преку подрачните единици на Министерството за земјоделство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...