Рускиот претседател Владимир Путин, во разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, повика на внимателност во одговорот на наводниот хемиски напад во Сирија, соопшти Кремљ.
Во соопштението за разговорот се наведува дека двајцата лидери разговарале за наводниот напад и дека Путин предупредил на „провокации и шпекулации“ во врска со тоа.
Портпаролот на Путин, претходно изјави дека би било неодговорно да се донесуваат заклучоци пред да се спроведе истрага.
Сириски опозициски активисти тврдат дека 40 луѓе настрадале во саботата во напад со хемиско оружје во Источна Гута и за нападот ја обвинија сириската влада, која е близок сојузник со Русија. Бета
Путин повикува на внимателност во Сирија
loading...