Лебарките предизвикуваат алергиски реакции, како да се ослободите од нив

За да се ослободите од овие штеточинки, сè што ви е потребно е ловоров лист!

784

Освен што се „главоболка“ во некои домови каде ги има, лебарките, исто така, може да предизвикаат и алергиска реакција. Каде што поминуваат, лебарките оставаат траги на плунка, фекалии и одбиени делови од телото, а за лицата кои се чувствителни битно е дека мртвите лебарки, нивниот измет и остатоците од кожата може да предизвикаат алергиски реакции, особено кај децата.

За да се ослободите од овие штеточинки, сè што ви е потребно е ловоров лист! Скршете го и распоредете го во ќошињата во домот. Наскоро ќе заборавите на секакви несакани гости во вашиот дом! Тајната се крие во тоа што овие инсекти, како лебарки, мравки, муви, комарци и молци, едноставно не можат да го поднесат мирисот на ловоров лист.

Можете исто така да ставите ловоров лист во ормарите и фиоките. Насадете ловоров лист во дворот, или ставете тенџере со ова растение на терасата. Може да си правите букети од гранчиња ловоров лист и естрагон кои ќе ги држите во вазна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...