Патувачкото кино во Вишни, Драслајца и Пустец

Проекциите на Патувачкото кино во селата Вишни и Драслајца беа збогатени и со документарниот филм „The Way of Clave“, кој произлезе од проектот „Ширење на видици“ (Widening the Lens). „Ширење на видици“ е дел од програмите на Communities Conecting Heritageˢᵐ, кои се финансирани од Владата на САД и управувани од World Learning.

102

Патувачкото кино на МакеДокс во своето десетто издание досега ги одржа проекциите на креативни документарни филмови во Лабуништа, Бучимас, Вишни и Драслајца, додека во Пустец се одржа концерт на музичка група составена од Деан Шкартов (екс-член на групите „Бадминтонс“, „Клержо“, „Александар Македонски“), кант-авторката Ника Солде од Копер и Стив Круниќ (екс-член на „Коцка мраз“).

– Учеството во настани од овој вид, кадешто давате директен придонес во ширењето на маргините на културата во области како Пустец, секогаш е предизвик за уметниците и дава замаец да бидете подобри во тоа што го работите – изјави Деан Шкартов по настапот во Пустец.

Претходно, во прекрасното планинско село Вишни, кадешто третата генерација на „Докуникулци“ се приклучи на Патувачкото кино на МакеДокс, беше прикажан документарецот „Со љубов“ (Avec l’амоур, 2017) на Илија Цветковски, додека на 6 јули во селото Драслајца беше прикажан документарниот филм „Анплагд“ (2013) на српскиот автор Младен Ковачевиќ.

Проекциите на Патувачкото кино во селата Вишни и Драслајца беа збогатени и со документарниот филм „The Way of Clave“, кој произлезе од проектот „Ширење на видици“ (Widening the Lens). „Ширење на видици“ е дел од програмите на Communities Conecting Heritageˢᵐ, кои се финансирани од Владата на САД и управувани од World Learning.

Планирано е филмот да има уште една проекција, и тоа на 10 јули во Луково.
Регионалното патешествие на Патувачкото кино по бреговите на двете езера, Охридско и Преспанско, ќе продолжи на 10 јули во Луково и на 11 јули во Лин.

Патувачкото кино на МакеДокс се реализира со поддршка од македонската Агенција за филм, амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...