Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија откако два силни и илјадници помали земјотреси ја погодија таа американска сојузна држава.
Со прогласувањето вонредна состојба се создаде можност да се издвојат средства од државниот буџет за помош на оние кои се најпогодени од потресите.
Сојузната агенција за вонредни ситуации со декларација е официјално овластена да ја координира помошта за загрозените во окрузите Керн и Сан Бернардино.
Земјотреси со интензитет од 6,4 и 7,1 степен според Рихтер ја погодија Калифорнија минатиот четврток и петок, причинувајќи штети на патиштата, но во голем број домаќинства.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS