Иако не го познава, Трамп повеќе не сака да има работа со британскиот амбасадор

310

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека „повеќе нема да има работа“ со британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој оцени дека администрацијата на Трамп е „дисфункционална и неспособна“.

– Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него, напиша Трамп на Твитер.

Тој, во рамки на истата објава, ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј, наведувајќи дека добра вест за Велика Британија е што наскоро ќе има нов премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...