Витко тело без многу напор

Глукоманан е влакно кое се раствора во вода а се добива од коренот на јапонската билка „Amorphalus Konjac“, која со векови се користи во традиционалната јапонска медицина.

356

Дебелината е проблем насекаде во светот како кај возрасната популација така и кај адолесцентите и децата.Прекумерената телесна тежина е ризик-фактор за разни болести како: срцева болест, висок крвен притисок, остеоартритис, дијабетес и хормонални пореметувања.

Денеска на пазарот има голем број на препарати кои нудат брзо и лесно постигнување на саканата тежина. Дел од нив се со глукоманан. Но што всушност е глукоманан?

Глукоманан е влакно кое се раствора во вода а се добива од коренот на јапонската билка „Amorphalus Konjac“, која со векови се користи во традиционалната јапонска медицина. Оваа билка е составена од единици на Д -маноза и на Д-гликоза во однос 1,6:1. Овој полисахарид во присуство на вода нараснува, зголемувајќи го својот волумен до 200 пати во однос на почетниот. На тој начин глукомананот создава чувство на ситост и го продолжува времето до следниот оброк.Глукомананот го нормализира нивото на холестеролот.

Доколку се одлучите да користите препарат со глукоманан внимавајте да внесувате доволно витамини и минерали преку исхраната за да не дојде до развој на некоја болест.

Извор: Наше здравје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...