ЕУ исклучително загрижена поради збогатувањето ураниум во Иран

Иран го надмина ограничувањето од 3,67 отсто збогатен ураниум, лимит воспоставен со Договорот од 2015 година, изјави денеска портпаролот на иранската Организација за атомска енергија Бехруз Камалванди.

42

Европска унија денеска соопшти дека е „исклучително загрижена“ од соопштението на Иран за збогатувањето на ураниум над дозволеното ниво.

ЕУ го повика Техеран да го стопира секое дејствување што е во спротивност со нуклеарниот договор на светските сили со Исламска Република.

– Иран го надмина ограничувањето од 3,67 отсто збогатен ураниум, лимит воспоставен со Договорот од 2015 година, изјави денеска портпаролот на иранската Организација за атомска енергија Бехруз Камалванди.

Тој истакна дека границата ќе биде надмината и за 20 отсто доколку ЕУ продолжи да ги игнорира своите обврски од нуклеарниот договор и апелира итно да се реагира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...