Борисов: Знам колку прашањето за Косово е болно за Србите

107
ФОТО: EPA / STR

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека не и дозволил на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева остро да реагира на изјавата на нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ , бидејќи, како што истакна, „знае колку прашањето за Косово е болно за Србите“.

Борисов ова го изјави вчера на конгресот на владечката партија Герб во Софија, пренесоа бугарските медиуми.

Борисов оцени дека доколку Белград и Приштина не се договорат, нема да има натамошна перспектива за регионот.

Тој објаснува дека Бугарија „ќе им помогне на своите браќа Срби“ и конкретно, како пример, наведе дека следната година ќе се заврши изградбата на автопатот за Белград.

ФОТО: EPA / STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...