„Од класика до евергрин“ – концерт на „Скопски солисти“

116

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер од 20,30 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт  „Од класика до евергрин“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и во рамки на „Скопско лето“.  Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти  Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.

Ансамблот  „Скопски солисти“ е формиран во 2000 година од обоистот Васил Атанасов, кој е и негов уметнички раководител. Членови се афирмирани македонски уметници, како и млади, талентирани музичари. Ансамблот презентира камерна музика – од барок до современа, почитувајќи го и македонското музичко творештво.

Од 2011 година „Скопски солисти“ имаат објавено три цедиња од нивните изведби во живо.  Имаат настапувано на фестивали во земјава и во странство, а ансамблот традиционално одржуваше и Божиќен концерт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...