Иванките повторно се атрактивни во Ресен

522

Обичајот „Иванка“ кој се празнува на Иванден е посебно препознатлив и најкарактеристичен за територијата на Преспа. Оваа уникатна преспанска традиција се почитува и годинава, на празникот Иванден, кога локалното население изработува кукли наречени Иванки.

Седма година  Домот на културата „Драги Тозија“ е организатор на манифестацијата која, како што вели директорот Васко Василевски, нè навраќа на нашите корени и национални вредности.

– Облекувањето на куклата Иванка секогаш одговарало со начинот на облекување на локалното население. И годинава пред нашите сограѓан беа претставени изработените Иванки, како симбол на денешниот празник – Иванден. Голем број деца, потпомогнати од нивните мајки и баби се повеќе се вклучуваат во оваа традиција и постојано расте бројот на учесници. Затоа, ние не ги одделуваме сите учесници и во знак на благодарност изработувачите на Иванките се симболично наградени со 500 денари –  посочи Василевски.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и се одржа напладне на платото пред Ресенскиот Сарај.

Денот на раѓањето на свети Јован Крстител, 7 јули, или во народот познат како Иванден, има особено значење во Преспанскиот Регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...