„Фантомски приказни: Sing along“ со оперски и оркестарски солисти

57

„Фантомски приказни: Sing along“ е насловен перформансот по музика на Вебер и лирика на Харт кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи во Куршумли ан во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

Настанот е најавен како како стенд-ап перформанс на оперски и оркестарски солисти, а се организира во соработка со  асоцијацијата „Полифонија“, Канадскиот музички центар од Скопје, Каутаун-опера Калгари.  Диригент е Андреј Наунов, а подготвен по режија на Златко Славенски.

За утревечер „Скопско лето“ го најави концертот „Од класика до евергрин“ на „Скопски солисти“ во  Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.

На програмата „Кафе кино“, пак, вечер од 21 часот во Сули ан е проекцијата на швајцарската комедија „Стрикер (Гол натрапник)“ од 2017 година, во режија на Питер Луиси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...