Најмалку дваесет луѓе се ранети во експлозија на гас во шопинг центар во градот Плантејшн на југот од американската сојузна држава Флорида. Двајца од дваесетте повредени се здобиле со сериозни повреди. Од силината на експлозијата е уништен дел од зградата.
„Експлозија на гас…. повеќе пациенти“, твиташе противпожарната служба од Плантејшн, околу педесетина километри северно од Мајами.
Сите продавиници и канцеларии во близина на местото на експлозијата се затворени, а полицијата и пожарникарите се на местото на настанот. Полицијата ги предупреди жителите да го одбегнуваат тој дел од градот.
фото: Си-ен-ен