Музичката ѕвезда Рајко Дујмиќ, основач на некогаш една од најпопуларните групи „Нови фосили“ е однесен во загрепскиот затвор Реметинец откако пијан ја претепал сопругата Снежана. Истражниот судија му одреди мерка притвор поради опасност од повторување на делото.
Музичарот го пријавила сопругата во полиција откако била претепана. Дујмиќ вели дека не се сеќава на ништо зашто бил многу пијан.
Ова не е прв пат Рајко Дујмиќ (64) пијан да ја тепа сопругата. И во септември 2015 Дујмиќ заврши во Реметинец за претепување на сопругата под дејство на алкохол. Тогаш судот го осудил на шест месеци затвор и две години условна казна, но по жалбената постапка, бил ослободен.
фото: Јутарњи