Националната опера и балет ќе гостува во Босна и Херцеговина, каде на 18 октомври во „Мирза Делибашиќ“ во Скендерија ќе го изведе музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“, најавија денеска на прес-конференција во сараевскиот „Дом на млади“, организаторите на гостувањето, Фондацијата за култура и образование „Амадеус“, маестро Емир Нухановиќ и директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов.
На музичко-сценскиот спектакл со „Кармина Бурана“ на Карл Орф ќе настапат над 200 уметници, оркестар, балет, оперски и балетски солисти од Република Северна Македонија, БиХ, Турција, Португалија, Русија и Србија. Во реализација на овој проект учествува врвна уметничка екипа како што се Миодраг Табачки од Србија, Кан Арслан и Гизем Бетил од Турција, Елена Дончева и Дејан Прошев од Република Северна Македонија.
Покрај гостите ќе настапат и уметници од БиХ, детски хор под диригентската палка на маестро Емир Нухановиќ.