Дуда упати остри критики за ЕУ заради одлагањето на преговорите со Македонија и Албанија

141

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска остро ја критикуваше ЕУ заради одлагањето на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Унијата.

– ЕУ не треба да се однесува кон земјите на тој начин кога тие ги спроведуваат различните реформи насочени кон идната интеграција – посочи Дуда на средбата на врвот на иницијативата „Берлинскиот процес“ во Познањ, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека тие земји исполниле многу барања за започнување на преговорите.

Во јуни Советот на ЕУ не успеа да постигне согласност за давње датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изрази увереност дека одлуката по ова прашање ќе биде донесена до октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...