Граѓаните за четири дена заработиле 120.000 евра од поврат на ДДВ

Директорката на УЈП Сања Лукаревска информира дека во период од четири дена  вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата МојДДВ, што е на очекуваното ниво.

923

Граѓаните за четири дена колку што се поминати од активирањето на проектот „МојДДВ“ скенирале вкупно 433.204 сметки со остварен промет од околу 241 милион денари. На овој изос е пресметан поврат на ДДВ од околу 7 милиони денари односно близу 120 илјади евра. Истовремено на линијата 198 за пријавување неправилности, тие  ги пријавиле трговците кои не им издале фискални сметки.

Ова го соопштија денеска од Управата за јавни приходи.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска информира дека во период од четири дена  вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата МојДДВ, што е на очекуваното ниво. Во првиот ден од пуштањето во употреба на апликацијата МојДДВ таа била симната од 24.000 корисници, вториот ден 10.000 корисници, а очекувањата се апликацијата да се користи од половина милион корисници.

– Моментално проблем ни е тоа што апликацијата сѐ уште не можат граѓаните кои поседуваат „ајфони“, но очекуваме компанијата да ја одобри апликацијата, Аплициравме на мај годинава, но поради сторгите критериуми на „Епл стор“за апликации поврзани со државни институции, постапката подолго трае- рече Лукаревска.

Од УЈП потсетуваат дека овие корисници на мобилни телефони можат да ги користат киосците и бар-код читачите апарати.

Лукареска информира дека под притисок на граѓаните поголемите трговски капацитети веќе ги сервисираат фискалните поради нејасни бар-кодови.

Во случај кога бар кодот е нејасен, појаснија од УЈП, граѓаните ќе треба ваквите сметки да ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.

Од УЈП потсетија дека враќањето на ДДВ за граѓаните ќе се реализира квартално. Првото враќање ќе биде во декември. Еден граѓанин ќе може квартално да добие поврат на ДДВ од 1.800 денари или годишно 7.800 денари. Пресметките покажуваат дека за да добие 600 денари поврат на ДДВ граѓанинот ќе треба да потроши 26. 66 денари, под услов сите артикли што ги купил да биле оданочени со 18 отсто ДДВ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...