Свето Јаневски ја затвора српската пивара БИП, се делат откази

1010

Се затвора белградската пиварница БИП, сопственост на македонски менаџер Светозар Јаневски. Поделени се 150 откази изутринава, пренесува „Б92“.

Информациите од Србија се дека БИП најверојатно ќе биде затворен многу брзо, а се уште е неизвесно што ќе биде со останатите работници.

Тука има тотален хаос, луѓето се отпуштени … не знаат што ќе се случува со другите, има состаноци и треба да се реши ова. Никој не знае што ќе биде“ – изјавиле вработени од компанијата.

Светозар Јаневски го купи БИП кога беше во стечај во 2017 година.

– Ве известуваме дека М6 ЕДЕН СРБ, одлучи да го прекине договорот за деловна соработка со А.Д. БИП во стечај“ -пишува во известувањето од компанијата на Светозар Јаневски до српските медиуми.

– Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пивари во регионот и со ентузијазам тргнавме во нејзина обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград и за Србија, да дадеме живот и енергија на една компанија стара 180 години. За жал, без оглед на големите вложувања , посветеност и енергија, не успеавме , бидејќи концептот што го нудиме овде, нема изглед за успех,  се наведува во соопштението од компанијата на Јаневски.

Според Б92, утрината се делат отказни решенија, а медиумите немаат пристап во кругот на фабриката.

Работниците кои излегуваат со отказни решенија, велат дека Македонецот ги излажал, иако ветил дека никој нема да биде отпуштен и ќе ја крене на нозе пиварата.

Белградската индустрија на пиво -БИП, во 2017 беше продадена од страна на државата на приватни инвеститори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...