Целиот свет ќе биде погоден ако САД и Кина не најдат начин за излез од трговскиот спор, рече рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по состанокот со италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Тој додаде дека е неопходно да се напушти практиката на политички мотивирани рестрикции.
– Целата светска економија ќе биде погодена, глобалната трговија ќе падне за 17 отсто до 2024 година, а светскиот БДП за два отсто, тоа ќе биде лошо за секого – рече Путин.
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN