За Трамп прославата за Денот на независноста – „Шоу на животот“

77
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше домаќин на прославата на Денот на независноста во Вашингтон, при што оддаде почит на војската, потег што го поздравија неговите поддржувачи, додека противниците го критикуваа, бидејќи тој самиот се стави во центарот на вниманието на денот на празникот што е посветен на единство.

Говорејќи пред споменикот подигнат во чест на Абрахам Линколн, Трамп ја нарече  приказната за Америка – „најголемо политичко  патување во историјата на човештвото” и ги повика Американците да остане „верни на нашата цел.”

Во еден момент, Трамп дури вети дека Американците наскоро ќе го постават знамето свое на Марс.

Трамп ја нарече церемонијата –  „Шоу на животот”.

Додека американските претседатели во минатото традиционално остануваа настрана Трамп  директно го презеде управувањето со прославата, јави Глас на Америка.

Трамп ја нарече историјата на САД  „еп на големата нација”.

„Додека се собираме овде, оваа вечер и се радуваме на слободата се сеќаваме дека ние делиме навистина исклучително наследство. Заедно, ние сме една од најдобрите приказни некогаш раскажани”, изјави Трамп.

Тој додаде дека Американците ја сакаат својата слобода и дека никој никогаш нема да им ја одзеде.

– Нашиот народ денес е посилен од кога било, рече тој.

Трамп даде посебно признание за секоја од генерациите на Армијата на САД и ги повика младите Американци да размислат да направат кариера во армијата.

Најголем дел од централното одбележување на 243. годишнината од Денот на независноста на САД беше на просторот меѓу зградата на Конгресот и на споменикот на Џорџ Вашингтон, основачот на САД и на првиот американски претседател.

Настанот традиционално заврши со огномет, кој Трамп го најави како најдолг и најспектакуларен во историјата.

Американски медикуми сметаат дека трошоците за прославата ќе бидат неколку стотици милиони долари.

Паралелно со прославата организирана од Доналд Трамп, традиционален концерт беше одржан на Капитол Хил, како и протести на женската антивоена организација Code Pink.

Денот на независноста или прославата на четврти јули е национален празник што слави усвојување на Американската декларација за независност на 4 јули 1776 година, со што е прогласена независност од Велика Британија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...