Човиќ најавува разговори со Вучиќ за сите отворени прашања

156

Драган Човиќ хрватски член на Претседателството на БиХ и домаќин на политичкиот и економски собир во Мостар изјави за РТС дека ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за сите теми што се недовршени и за тоа како да се зајакне економската соработка.

Во интервју за РТС, Човиќ вели дека очекува многу од средбата во Мостар.

– Голема благодарност до претседателот Вучиќ кој минатата година кога беше овде, прифати Србија да биде земја партнер. Тоа за нас значи многу бидејќи ова е една од најсилните во организациска смисла од број на излагачи до број на држави кои учествуваат, саемска манифестација од општ тип – изјави Човиќ.

– Со голем број излагачи од Србија и од БиХ, не само во економска смисла, врските што ни требаат може најдиректно да се градат со односи и настап на Србија како држава партнер – додаде тој.

Човиќ додава дека ќе се разговара за сите теми што се недовршени меѓу БиХ и Србија.

– Верувам дека и на политички план за нужен континуитет на нашите разговори, прашањето на границата на Србија и БиХ станува стратешко прашање. БиХ треба да го заврши бидејќи тоа многу ќе и помогне исто како и на Србија – истакна Човиќ.

Според него, економската размена може да се подигне евидентно во двете насоки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...