Гуаидо ќе разговара со Мадуро и ќе соработува со Русија

Во интервју за француската телевизија Франс 24, тој нагласи дека опозицијата би можела да „разговара со диктаторот”, и повика на продолжување на демонстрациите и дипломатскиот притисок врз Каракас.

67
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, рече дека е подготвен за дијалог со претседателот на државата, Николас Мадуро, за да најде решение за кризата, а во исто време изрази подготвеност да соработува со Русија.

Во интервју за француската телевизија Франс 24, тој нагласи дека опозицијата би можела да „разговара со диктаторот”, и повика на продолжување на демонстрациите и дипломатскиот притисок врз Каракас.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека не треба да отстапува од демократските процедури и дека судбината на Венецуела треба да се реши преку избори, Гуаидо рече дека тој и неговите сојузници внимателно го слушале она што го кажал рускиот претседател, но исто така и францускиот лидер.

-Ние сме подготвени да соработуваме со рускиот претседател, но и со сите други претседатели за овој проблем, рече Гуаидо, додавајќи дека инсистира на слободни избори во Венецуела, со присуство на странски набљудувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...