Земјотрес со јачина од 6,6 степени, најсилен во последните 20 години, ја погоди јужна Калифорнија и делови на соседната држава Невада.
Земјотресот се случил во близина на градот Риџкрест, околу 320 километри североисточно од Лос Анџелес, соопшти Американскиот сеизмолошки завод.
Светските агенции пренесуваат дека поголем број луѓе се повредени во градот со 28.000 жители.
Претседателот Доналд Трамп рече дека е информиран за земјотресот и дека „најверојатно се е под контрола“.
На веб страницата на гувернерот Гавин Њусавик е соопштено дека во регионот Керн, во јужниот дел на Калифорнија, е воведена вонредна состојба.
Со тоа на локалните власти им се овозможува да добијат пристап до дополнителни средства, бидејќи властите на САД ќе помогнат во справувањето со можните последици од катастрофата.
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT